Шестата акција неформалната организација „Чист Охрид“ ја спроведе вчера околу социјалните згради во населбата „Бејбунар“. Како што информираат од еко движењето истата била најмасовна досега. Петнаесетина волонтери собрале триесетина вреќи најразличен отпад, кој го подигна Ј.П. „Охридски Комуналец“.

Од „Чист Охрид“ уште посочуваат дека во овој реон има големи количини градежен шут и друг цврст отпад кој треба да се расчисти, за што биле известени надлежните служби.

Волонтерите од “Чист Охрид“ упатија апел до охриѓани за солидарност и поголема грижа за животната средина.

OhridNews