На денешен ден пред 60 години во Белград, Србија се одигра 1/4 финалниот меч во Купот на шампиони меѓу Црвена Ѕвезда и Манчестер Јунајтед, кој заврши без победник 3-3. Тој натпревар беше последен за осум фудбалери на Манчестер Јунајтед откако нивниот авион ден подоцна се сруши на аеродромот во Минхен. Покрај фудбалерите животот го загубија уште 15 членови на екипажот.

Генерацијата на менаџерот Сер Мет Бејзби го надимакот „бебиња“, бидејќи просекот на екипата изнесуваше 22 години. Несреќата на „бебињата“ ја зави во црно цела Европа по трагедијата која го снајде најпопуларниот клуб во Англија.

Манчестер Јунајтед предводен од Бејзби го преброди трагичниот настан во Минхен и во 1966 година за прв пат ја покори Европа, а денес е еден од најдобрите клубови во светот.

Секоја година овој датум се одбележува на Олд Трафорд. Навивачите доаѓаат на стадионот каде што положуваат цвеќиња, а делегација од англискиот клуб пред некоја година го посети местото каде што се случи авионската несреќа.

OhridNews