Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”, од 7 -ти до 11 -ти јули, ќе се одржи 61-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
На свеченото отворање на 7 јули на сцената на Долни Сарај љубителите на фолклорот, традицијата и културата ќе имаат можност да ја погледнат програмата на ансаблот за народни игри и песни на Македонија-Танец.
Предвидени се обраќања на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и на потпретседателот на Собранието на РС Македонија, Горан Мисовски.
Претходно со почеток во 18 часот предвидена е отворање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче, за да во 19 часот да има дефиле пред Центарот за култура.
Во неколкудневната програма на сцената на Долни Сарај публиката ќе има можност да проследи настапи на голем број ансамбли од нашата држава, како и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина.
Покровител на Фестивалот е Собранието на Република Северна Македонија, а организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
OhridNews