За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ кој на 20 и 21 септември се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим.
Во сабота, 20 септември, од 18 часот се до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот, а за излез од манастирот према Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото Калишта, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Истиот режим на сообраќај ќе биде и во недела, 21 септември со почеток од 08 часот наутро, се до завршување на церемонијата во попладневните часови.
Со цел, непречено одвивање на сообраќајот во овие околности, апелираме до верниците да го почитуваат сообраќајниот режим и насоките на полициските службеници, стои во соопштението.
OhridNews