ГРК Охрид го солвада ГРК Тиквеш 2014 во натпреварот од 5 коло од Супер лигата кој се одигра вечерва во „Билјанини извори“ со 24:19 (полувреме 15:5).

Статистика ГРК Охрид: Чаневски (3 одбрани), Стрмљан 1, Ојлески 3, Иванковиќ 1, Кукуловски 2, Вејин 2, Шипинкоски, Ристески 1, Реј Моралес, Савревски 2, Јотиќ 3, Лијапис 5, Блажески (5 одбрани), Бојаниќ, Цирар 4, Ѓорѓески.

Во последните моменти од мечот се повреди хрватскиот интернационалец на бековската позиција во Охрид, Ловро Јотиќ. За каква повреда станува збор, ќе се знае откако ќе бидат извршени соодветни лекарски прегледи.

Фото галерија:

 

OhridNews

Фото: Ива Јовановиќ