На 08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга,информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 55 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба. При претрес во дом на еден од осомничените извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа опаковки со марихуана и кокаин, како и други предмети со остатоци од дрога, информира Димоски.
OhridNews












