63 генијалци со коефициент на интелегенција над 140 се пријавиле на огласот што неодамна го распиша Министерството за здравство.
Од нив, само десетмина ќе бидат избрани како советници на ресорниот министер, кои ќе работат за советодавното тело, односно Комитет на генијалци формиран од Тодоров. Овој оглас во изминатиов период со потсмев беше пратен од социјалните мрежи, а за одлуката се расчу дури до Соединетите Американски Држави.
Инаку, ова е прв пат во земјава да се постави ваков несекојдневен услов за лицата кои аплицираат за работа, во случајов коефициентот на интелегенција.
OhridNews













