На 15 јуни во 21.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата помеѓу бул.„Македонски Просветители“ и ул.„Даме Груев“ во Охрид, 61 годишно лице од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено“ со шведски регистарски ознаки, удрил во 64 годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил охриѓанецот, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












