Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишно лице од охридското село Шипокно.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурност, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и била укажана неопходна лекарска помош.
OhridNews












