Собрани 66 крвни единици на вчерашната крводарителска акција „Водици 2022“. Акцијата под мотото „Една капка може да промени се“ беше организирана од страна на Општинскиот Црвен Крст Охрид во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје во рамки на активностите за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид . Акцијата се одвиваше во периодот од 9-15 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.
На крводарителската акција имаше и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители. Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 беа преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители, велат од Црвен Крст Охрид.
OhridNews












