Новата 68 сезона во НБА лигата ќе има и еден македонски кошаркар и тоа Перо Антиќ, кој ќе настапува во редовите на Атланта Хоукс.

Македонскиот интернационалец од тимот на Олимпијакос се пресели во најсилната лига на светот. Антиќ со грчкиот тим стигна до две титули во Евролигата што беше одскочна даска за преселба преку океанот.

Бранител на трофејот е Мајами Хит, кој предводен од триото Џејмс, Вејд и Бош ја покорија лигата победувајќи го во финалето Сан Антонио.

Атланта Хоукс сезоната ќе ја започне со меч на гостински терен против екипата на Далас предводена од Дирк Новицки.

Мх.П.