Во Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера, во 14 часот, 69-годишна жена од Охрид пријавила дека на 10-ти април околу 12 часот на крстосницата–кружен тек од улицата „7-ми Ноември“ и булеварот „Македонски Просветители“, додека преминувала улица на пешачки премин била удрена од страна на непознат возач кој управувал непознато возило, при што паднала на коловозот.
На 11.04.2018 година побарала лекарски преглед во болницата Свети Еразмо-Охрид, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
OhridNews












