Како што информира професорката Ирена Бачиќ, под чие будно око се подготвува претставата, станува збор за специфичен начин на подготовка и примена на техники при што се работи без напишано сценарио, новина со која учениците имале можност да се запознаат при нивната посета на Меѓународната театарска школа во Берлин .
Во претставата играат: Владимир Ристески, Игор Русески, Мила Коцарева, Марија Баткоска, Ева Каланоска, Томе Укоски, Викторија Симоноска, Борис Коровеш, Никола Буџакоски, Михаил Целески, Лазар Вучетиќ, Филип Тренески, Ана Марија Михаилова, Катерина Петреска, Марија Димоска, Христина Стојаноска, Јован Цветкоски, Александар Здравески, Јован Паункоски, Марио Димов, Мартин Мишевски, Звонимир Србиноски.
Претставата премиерно ќе биде прикажана во четврток, 7- ми март, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот.