7 возачи од Охрид казнети во текот на вчерашниот ден поради непрописно престигнување информираа од СВР Охрид.

На 13.05.2022 година од 14 до 20 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување од нив 7 во Охрид и 4 во Кичево, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека со цел зголемување на сообраќајната безбедност, контролите ќе бидат интензивирани на целото подрачје на СВР Охрид поради што, апелираат до сите учесници во сообраќајот на внимателност и совесност и целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација.

OhridNews