Познатиот маратонец Мајкл Рид, својот 70 – ти роденден ќе го прослави во водите на Охридското Езеро. Англичанецот кој 33 пати го препливал каналот Ла Манш, денес ќе ја преплива 30 километарската патека “Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид.


Настанот е во организација на Клубот за спортови на вода “Охридски Бранови 2008” Охрид, а под покровителство на Пливачката Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

– Охридското езеро е едно од езерата кои сé уште не сум ги допрел,се надевам дека ќе можам да покажам дека и постарите луѓе на кои и јас припаѓам, можат да го сторат тоа. Можеби со малку побавно темпо, но можат -вели Мајкл Рид.


Рид ќе стартува од Св.Наум во 10 ч., а се очекува да пристигне на целта кај пристаништето во Охрид во периодот од 17-18 ч.

“Фото Нова Македонија“
Ohridnews