Од денес до 10-ти овој месец, 72 000 парчина разновидна стока запленета на граничните премини во земјава, ќе биде доделена на социјално загрозените семејства.

Ваква одлука донесоа Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, како и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Башким Амети.

Запленетите обувки, текстилни производи, прибор и опрема за домаќинство ќе бидат дистрибуирани и донирани преку Центрите за социјална работа до крајните корисници, односно до социјално загрозените семејства.

За добивање на ваква помош, корисниците ќе треба да поднесат барање до Центрите за социјална работи, кои пак истата ќе треба да ја распределат според иднетификационите податоци за членови на домаќинството или бројот на членови.

OhridNews

фото: „Макфакс“