Со низа свеченостите Охрид денеска ќе ја одбележи 73-годишнината од ослободувањето од фашизмот.
Чествувањата ќе започнат утрово со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОВ во градот, а ќе продолжат на пладне со културно-уметничка програма што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. Во 13 часот свечено ќе биде пуштен во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Оваа установа попладне во 17 часот ќе го одбележи патрониот празник со свечена приредба што ќе се одржи во СРЦ „Билјнини извори“.
Чествувањето ќе биде заокружено со свеченост по повод воведувањето бесплатен курс за изучување на рускиот јазик во ОУ „Христо Узунов“, во соработка со почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, со почеток во 19 часот.
OhridNews












