Во струшкото село Мислешево, вчера околу 11 часот, патничко моторно возило „Шевролет Лачети“ со струшки регистерски таблици, управувано од 22-годишно лице од Мислешево, удрило во 79-годишна жена.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во струшката Општа болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews