Во дискотеката „Парк“ во Охрид вечерва гостува познатата музичка ѕвезда од Белград, Момчило Бајагиќ – Бајага.

Бајага според најавите на организаторот ќе настапи во 1:30ч. по полноќ.

Бајага е едно од најпознатите музички имиња на просторите од бивша Ју. Тој на сцената успешно опстојува повеќе од 2 децении. 

Со настапот на Бајага дискотеката “Парк“ го продолжува трендот на добри журки со познати музички имиња кои гостуваат во Охрид.

ohridnews