Министерството за внатрешни работи ги сумира последиците од вчерашните немири во Скопје.

Во низата инциденти и физички напади за време на протестот кој не бил најавен, повредени биле 13 граѓани на кои им е пружена медицинска помош во болниците, а четворица од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Во насилствата повредени се и тринаесет униформирани полициски службеници. Оштетени се повеќе моторни возила, меѓу нив четири полициски возила, два автобуси на ЈСП и две противпожарни возила.

По завршувањето на насилните протести во 18,50 часот, биле каменувани и оштетени 4 автобуси.Автобус бил каменуван и во 22.00 часот во непосредна близина на бензинската пумпа .„Макпетрол“ во нас.Драчево.

Во врска со инцидентите, по полициската интервенција приведени биле и задржани осум лица, а врз основа на објавените снимки во медиумите и на социјалните мрежи се работи на идентификување и на останатите насилници. По целосно документирање на делата против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во врска со завчерашен протест, СВР-Скопје има поднесено кривична пријава против 19 лица на возраст од 14 до 44 години, од кои 15 од Скопје, двјца од Битола и по еден од Штип и Прилеп.

OhridNews