На свечениот прием во салата во противпожарниот дом во Охрид, присуствуваа голем број пожарникари, претставници на локалната самоуправа и јавните охридски претпријатија.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, во име на градоначалникот им го честита празникот на охридските пожарникари.
„Ми претставува чест и задоволство, во името на градоначалникот на општина Охрид да го честитам овој ден на пожарникарите, и да си посакаме да има што помалку работа. Противпожарната служба во Охрид фунцкионира одлично, а во иднина ќе направиме максимални заеднички напорди, тој процес да го унапредиме, да овозможиме да се одвива со посовремена опрема и возила, како на граѓаните би им овозможиле да бидат позаштитени во случај на пожар.“ – изјави Спасески.
Пред присутните се обрати командирот на Противпожарната служба од Охрид, Спасе Прентоски, кој истакна дека ТППЕ Охрид фунционира согласно законските прописи.
„ТППЕ Охрид технички и кадровски е доволно екипирана согласно законските прописи и може успешно да одговори на сите полиња и проблеми кои се случуваат на подрачјето на општината. Телефонскиот број 193 е секогаш слободен за граѓаните во било која време. Исто така, во дадена ситуација нашата противпожарна служба може да дејствува на целата територија во земјава и надвор од границите во согласност со Дирекцијата за заштита и спасување.“ – истакна Прентоски.
Тој додаде дека во 1933-тата година, во општина Охрид е формирано првото доброволно противпожарно друштво кое функционирало во рамките на Кралството Југославија.
„Денес славиме 80 години од формирањето на првото доброволно противпожарно друштво кое функционирало на територијата на општина Охрид. Во 1938-ма година, Охрид добива и унифурмирана ПП служба и во 40-тите се зголемува бројот на пожарникари. После војната во 45-та, градот преку Народниот одбор на ослобување на РМ го добива и првото ПП возило, но расипано. Благодарение на ентузијазмот кај охриѓани, возилото било поправени и опремено. Со тек на време, започнуваат да се формираат добровилни ПП друштва и во населенте места, и тоа во селата Велгошти, Пештани и Љубаништа.“ – додаде Прентоски.
На 20-ти мај 1836-та година во Битола е формирано првото доброволно противпожарно друштво, поради пожарот од 1834-та, во кој изгореле 2100 дуќани и индивидуални куќи. Првите петнаесет пожарникари кои го формирале друштвото, кај народот се познати како Јангаџии или Тулумбаџии.
Инаку, по повод овој празник, дефиле низ охридските улици имаа противпожарните возила, а јавноста беше презентирана опремата со која располага ТППЕ – Охрид.