Охрид го чествува 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето. Десетици млади животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојството 80 години подоцна Охрид е слободен град, светска туристичка дестинација, културна престолнина и духовна мека на македонскиот народ.

Свеченостите со кои годинава Општина Охрид го одбележува Денот на ослободувањето започнаа вчера со изложби и Свечена академија, а продолжуваат во текот на денешниот ден со одбележување на патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“, положување свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ, Европски куп во параглајдинг, приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и Седмоноемврискиот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“.
OhridNews











