Десетици млади животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојството 81 годинa подоцна Охрид е слободен град, светска туристичка дестинација, културна престолнина и духовна мека на македонскиот народ.

Свеченостите со кои годинава Општина Охрид го одбележува Денот на ослободувањето започнаа вчера со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упечве“ во Куќа на Робевци и свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“.
Денес предвиени се одбележување на патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец”, положување свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ, „Оhrid fly festival“, одбележување на патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, како и Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”.
Поради најавените временски услови со врнежи од дожд од Општина Охрид информираа дека се одложуваат настаните за промоција на албумот „Егрегор“ и концертот на Никола Стојковски и Тања Царовска кои беше планирано да се одржат утревечер во предворјето на црката „Св. Софија“, како и музичко-сценскиот проект „Ехото на Охрид“ во ОСУ „Св. Климент Охридски“ кој требаше да се одржи во сабота.
OhridNews











