Заклучно со февруари месеци, 8430 лица се невработени во општините Охрид и Дебрца. Од нив, најголемит дел или 2251 неквалификувани работници, а 1988 се кфалификувани.

Со средно образование невработени се 2029 граѓани, а меѓу оние кои бараат работа се 1115 со високо образование, од кои 41 магистер и четворица доктори на науки.

Најголем број невработени се Македонци 7168, Албанци 340, Турци 293, Еѓипќани 265, Роми 185, Срби 25, како и 70 граѓани кои припаѓаат на други етнички заедници.

Во споредба со септември минатата година, забележан е пораст од 138 невработени, додека во однос на септември минатата година бројката е намалена за околу 1000 лица.

Инаку, со измените на Законот за вработување, извршени се измени во делот на евиденцијата на невработените лица, а се врши пререгистраација на невработатени кои се водат во две евиденции.

О.Т.