
На овој датум во 1950 година се роди идејата за Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница, а денес Европска унија во која членуваат 27 држави.
Македонија е земја кандидат од 2005 година и сеуште и го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.
OhridNews












