ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денес ја одбележува 90-годишнина од основањето. Годишнината ќе биде одбележа со свеченост под покровителство на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денес во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Девет децении активно придонесува во проучувањето и заштитата на Охридското Езеро и природните ресурси, со што се вбројува меѓу најзначајните научни институции во регионот.
OhridNews











