„90 отсто од „Паркот на пријателството“ е уреден и останува да се постави уште системот за наводнување“. Ова меѓу другото го истакна директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче, потенцирајќи дека временските услови не дозволиле истиот да биде поставен.
Според Алче, за краток временски период паркот ќе биде целосно хортикултурно уреден.
„И сега паркот, во најголем дел е уреден. Посадени се цвеќа, повеќегодишни растенија и дрва, кои за некој ден ќе ги покажат своите бои. Така да, очекуваме за брзо време паркот да блесне.“ – вели Алче.
Замислата е во овој парк секој пријател на градот да има можност да засади дрвце, во спомен за неговата посета на Охрид.
„За уредување на сите паркови е задолжен ЈП „Охридски комуналец“, согласно програмата на локалната самоуправа. Во оној момент кога целиот простор ќе добие поинаков лик, односно ќе биде целосно засаден, ќе се осмисли каде понатаму пријтелите на градот ќе можат да засадат дрвце во спомен на Охрид.“ – додава Алче.
OhridNews