Нешто повеќе од 9000 домашни и странски набљудувачи ќе ги мониторираат претстојните локални избори, закажни за недела 24-ти март.

Странската мониторинг мисија ќе биде преводена од ОДИХР со 200 краткорочни монитори, но исто толку лица ќе бидат ангажирани од Советот на Европа, Мисијата на ОБСЕ и другите странски тела во земјава.

Како што истакна портпаролот на ОДИХР, Томас Рајмер, основата на набљудувањето е да се обезбеди објективен поглед на изборниот процес.

Ние не доаѓаме со очекувања за одредени резултати, или дека работите ќе тргнат на лошо или на добро. Очекувањата се да биде обезбеден објективен поглед на тоа како изборниот процес е спроведен и дали се запазени заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди.“ – изјави Рајмер за македонските медиуми.

Домашните набљудувачи ќе бидат околу осум и пол илјади предовдени од граѓанската асоцијација „Мост“ со 4000 лица, како и околу 3500 набљудувачи на коалицијата од неколку граѓански организации.

OhridNews