Лондонски Тотенхем во многу деликатен момент останува без првата ѕвезда, капитенот-голгетер Хари Кејн. Според првите прогнози, повредата на Кејн е сериозна и се заканува да го оддалечи од терените цели два месеци.

Фудбалерот го повреди скочниот зглоб на дуелот против Манчестер Јунајтед па сега прогнозите се дека ризикува да ги пропушти следните 7 меча за својот тим поради повредата.

  • Може да потврдиме дека Хари Кејн ги оштети лигаментите на левиот зглоб за време на натпреварот во неделата. Тој ќе биде под медицински надзор додека не почне рехабилитацијата, а очекуваме на терен да биде во март. – стои во соопшението од Тотенхем.

Напаѓачот, ако се обвистинат црните прогнози, може да го пропушти реваншот со Челзи во Лига купот, но и премиерлигашките мечеви со Фулам, Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл и Лестер.

Сепак најзагрижени се навивачите на Тотенхем затоа што постои шанса Кејн да не е во составот на тимот и во двата меча против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Тотенхем моментно е трет во Премиер лигата со 48 бода, 9 помалку од лидерот Ливерпул, а бод повеќе од четвртопласираниот Челси.

OhridNews