Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид во сабота и недела ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ „А Класа“ турнир кој ќе се организира во словенскиот град Велење.

На турнирот под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид во скратен состав ќе ги одмерат силите во две дисциплини спаринг-борби поединечно и форми поединечно.

Од клубот се надеваат и очекуваат плоден турнир во однос на резултатите и перформансите кои се во нагорна линија кај теквондистите.

OhridNews