За неколку дена со работа ќе започне телевизијата А3. Оваа информација ја пренесоа дел од скопските портали, според кои  уредникна телевизијата ќе биде Ацо Кабранов, а новинарската екипа ќе вклучи репортери и телевизиски лица од поранешната А1.

Неофицијално телевизијата отпрвин ќе го носи името Проект 19, но подоцна ќе се ребрендира во А3.

Ова не е прв обид дел од екипата која преостана од некогашната А1 да отпочне нов телевизиски проект. Тоа претходно не и успеа со А2 која по отворениот стечај ја загуби лиценцата за работа. Во меѓувреме добар дел од телевизискиот кадар на А1 се пресели во приватните национални телевизии и во МРТВ.

OhridNews