А1 телевизија престана да емитува програма, откако е утврдено дека дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација, соопшти Агенција за електронски комуникации.

Агенцијата за електронски комуникации,донела Решение со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенции во радиодифузната дејност издадени од Агенцијата за електронски комуникации на корисникот „Трговско радиодифузно друштво А1 телевизија Дооел Скопје – во стечај“.

OhridNews