Основниот суд Скопје 2 вчера отвори предстечајна постапка за А1 телевизија, јави медиумот. Државата побарува неплатен данок во висина од девет и пол милиони евра Управата за јавни приходи побара од судот парите да ги наплати низ стечајната постапка.

До 26-ти јули кога судот треба да одлучи дали официјално ќеотвори стечајната постапка, процесот ќе го води привремен стечаен управник Ацо Петров, кој од вчера е во А1 телевизија.

Додека трае предстечајната постапка медиумот ќе функционира како досега, но А1 нема право да располага со имотот, ниту да врши какви било исплати.  Доколку биде отворен стечај на сите вработени ќе им престане работниот однос, а сите одлуки ќе ги носи назначениот стечаен управник.

Допрва ќе се утврдува дали тоа ќе значи и крај за медиумот, прв приватен со национална концесија.

OhridNews