Екипите на Црвена Ѕвезда и Будуќност во белградската сала „Пионир“ во петтиот натпревар популарен како „мајсторка“ ќе одлучуваат за шампионската титула во АБА лигата.

Будуќност со две победи на домашен терен во „Морача“ возврати на двата добиени мечеви на Црвена Ѕвезда во Белград.

Во четвртиот меч „сино белите“ славеа со 84-80. Натпреварот помина во знакот на борбата и тензична атмосфера. Кошаркарите на Будуќност предводени од домашната публика имаа повеќе среќа, концетрација и мирна рака во финишот.

Петтиот натпревар по кој ќе се знае новиот шампион и учесник во Евролигата се игра во понеделник.

OhridNews