Кошаркарите на Динамик Вип Пеј го освоија целиот плен во „Билјанини Извори“ победувајќи го АВ Охрид со 106-90 (27-24, 30-18, 20-25, 29-23) во 17-та рунда од јадранската Втора АБА лига.

Клучната предност за третата победа на гостински терен сезонава српските кошаркари ја направија во втората половина од втората четвртина кога го скршија отпорот на „галебите“ и создадоа двоцифрена предност на семафорот за +15 (42-57) на полувремето. Претходно, домаќините одиграа добра прва четвртина во која имаа водство, но на крајот ја завршија со негатива од три поени (24-27).

Најголемата негатива 22 поени (66-44) на стартот од третата четвртина ги отрезна охридските кошаркари кои со две мини серии стигнаа најпрво до десет, а потоа до осум поени негатива (65-77). Гостите во последните десет минути со агресивна игра во одбрана и ефикасна во напад не дозволија поматување на сметките и дојдоа до заслужен вкупно осми триумф сезонава. Охриѓани новиот пораз ги зацврсти на дното со надеж дека до крајот на сезоната ќе се изборат за победа.

Поентерски во тимот на Динамик се истакна Александар Тодоровиќ со 22 поени, а кај охриѓани најефикасен заврши Мартин Јунаковиќ со 25 кошеви.

OhridNews