Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во шестата рунда од Втората АБА лига силите ќе ги одмери со тимот на Динамик од Србија. „Галебите“ не патуваат со бело знаме во Белград иако се` уште немаат победа во јадранското друштво.

– Нашите мотиви остануваат исти за надигрување и стекнување на искуство остануваат исти без разлика на негативниот скор. На дуелот со Рогашка на домашен терен видов доста позитивни работи, што значи дека работите одат на подобро. – изјави Петар Чочороски.

Надигрувањето со противникот со две раце го прифаќа францускиот интернационалец Реми Бери кој поентерски е најдобaр во охридскиот состав. – Полека, но сигурно заличуваме на она што треба да бидиме во Втората АБА лига. Во оваа лига има доста квалитетни екипи и вистинско задоволство е да се учествува и натпреварува.  Ние не се предаваме и ќе играме да победиме на секој натпревар.

Мечот во спортската сала „Ранко Жеравица“ се игра во среда со почеток во 20 часот.

OhridNews