Кошаркарите на Крка стигнаа до убедлива и рутинска победа во претпоследната рунда од Втората АБА лига победувајќи го АВ Охрид со 100-69 во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Галебите“ кои настапија без капитенот Антонио Донески, Војче Лефковски и Бранко Јанески немаа сила за борба со тимот на Крка кој ќе игра на завршницата од Втората АБА лига.

Гостите дилемите околу победникот ги решија во првата четвртина која ја добија со 32-15. Во вториот квартал охридските кошаркари успеаја да намалат за два поени и на одмор да заминат со негатива од (54-39).

Словенските кошаркари во третата четвртина одново притиснаа и за десет поени го зголемија водството. Во последните десет минути гостите ја задржаа предноста и забележаа заслужен триумф.

Тимот на Крка со скор 14-7 ќе биде од завршниот турнир, додека АВ Охрид на последната позиција на табелата ќе ја финишира лигата.

Најпрецизен во составот АВ Охрид беше Рос Кенет со 29 поени, додека кај гостите најефикасен заврши Далибор Џапа со 19 поени.

OhridNews