Екипата на Цедевита, синоќа, славеше пред своите навивачи во третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата над Црвена Звезда 72:62 и го намали водството на црвено белите на 2:1.

Хрватскиот претставник натпреварот го отвори со 23:16, во втората четвртина водството го зголеми за еден поен 18:17, а клучна за мечот беше третата четвртина која домаќините ја добија со 27:13. Црвена Звезда задоцнето се разбуди во последната четвртина која ја доби со 16:4, доволно само за пристоен пораз.

Четвртиот натпревар од финалето во плејофот на АБА лигата, што се игра на три добиени, се игра вечерва (четврток), а домаќин е Цедевита.

OhridNews