Кошаркарите на Будуќност пред своите гледачи во четвртиот меч од финалната серија во АБА лигата ќе имаат меч топка, откако ја победија Црвена Ѕвезда во третиот натпревар со минимални 78-77 и поведоа со 2-1.

„Црвено белите“ имаа шанса за победа во последниот напад. Но, прво обидот на Фелдин не ја погоди целта, а потоа Лесорт не реализираше од одбојка за голема радост во салата „Морача“ во Подгорица. Целиот меч помина изедначено, а ниту една од екипите не успеа да стигне до двоцифрена предност на семафорот.

На утрешниот меч кој се игра во 21 часот Будуќност ќе ја брка првата титула, а Црвена Ѕвезда ќе игра на се или на ништо.

OhridNews