Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје претрпе пораз од Партизан во Пионир 72-69 (23-25, 15-24, 17-12, 17-8) во третата рунда од регионалната АБА лига.
„Штрковите“ прокоцкаа сигурна победа во Белград откако го имаа водството во своите раце речиси целиот натпревар.
Предноста на македонските кошаркари на моменти изнесуваше и 13 разлика што се покажа недоволна за триумф над Партизан.
„Црно белите“ во последните минути од мечот стигнаа до позитива на семафорот што им донесе победа, прва сезонава во АБА лигата.
Најпрецизен во домашниот состав беше екс играчот на „металците“, Цветковиќ со 16 кошеви додека најпрецизен во гостинскиот беше Дамјан Стојановски.
Мх.П.










