Кошаркарскиот меч меѓу Левски и Партизан во осмата рунда од АБА лигата падна во сенка на домашните навивачи кои ги нападнаа гостински кошаркари и симпатизери во паузата меѓу првата и втората четвртина.


Симпатизерите на „црно белите“ се здобиа со неколку телесни повреди додека кошаркарите веднаш се повлекоа во соблекувалните.


При прекинот екипата на Партизан имаше предност од 21-14, а мечот ќе продолжи откако полицијата ги испразни трибините и се смирија страстите во салата.

Мх.П.