Кошаркарите на АВ Охрид во 16-та рунда од Втората АБА лига гостуваат кај тимот на Рогашка во Словенија. „Галебите“ речиси цел ден ќе го поминат во пат, бидејќи местото Слатина каде ќе го одиграат натпреварот од Охрид е оддалечено повеќе од 1000 километри.

– Токму патот ќе биде наш најголем противник, а потоа составот на Рогашка. Ние најмногу се подготвуваме за патот, бидејќи ќе ни одземе повеќе време. Како и да е, на мечот со Рогашка патуваме со добри мотиви и надеж за поволен резултат. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

– На претходните мечеви од АБА лигата покажавме дека можиме, ова ќе ни биде нова шанса да се докажиме и ќе се обидеме да ја искористиме. – додаде Американецот, Рос Кенет.

Охридските кошаркари имаат скор од 1-15 и се наоѓаат на последната позиција, додека тимот на Рогашка со 8-7 скор се на половина од табелата, односно шестото место.

OhridNews