Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз во Јадранската Втора АБА лига, откако изгубија (111-79) на гостувањето кај тимот на Вршац во 14-та рунда од шампионатот.

Охриѓани ја добија само третата четвртина од четирите што е премалку за поволен резултат. „Галебите“ го претрпеа 13-от пораз, додека Вршац продолжи да се бори за плејофот во Втората АБА лига.

– На некои натпревари се гледа напредок во нашата игра, на некои не. Примивме голем број на поени и мораме да признаеме дека играњето во Втората АБА лига моментално е преголем залак за нас. – изјави Петар Чочороски.

Охридските кошаркари немаат премногу време за одмор, бидејќи викендов ги очекува дуел во Куманово со истоимената екипа во Првата лига.

OhridNews