Македонскиот претставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје претрпе пораз 68-58 на гостувањето во Белград кај Партизан.

Кошаркарите на Партизан победничкиот чекор го направија во третата четвртина кога стигнаа до предност од +18 поени (62-44).

Избраниците на словенцот Алеш Пипан смогнаа сили и стигнаа од чесен пораз од десет разлика. Покрај студеното време и непроодните патишта навивачката група “Фемили“ отиде до Белград да ја бодри екипата на МЗТ.

Мх.П.