Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз во Втората АБА лига, откако изгубија од Сплит во „Билјанини Извори“ со 108-76. Охриѓани рамноправен противник беа во првите десет минути кои ги завршија со негатива од два поени. Во следните три четвртини гостите го подигнаа нивото, а охридските кошаркари мораа да им честитаат на својот ривал за победа.

Горан Филиповиќ (Сплит) – Домаќините ни пружија солиден отпор во првиот квартал. Во вториот квартал моравме добро да одиграме одбрана и да стигниме до посакуваната предност која не однесе до победа.

Војче Лефкоски (АВ Охрид) – Најпрво да им честитам на гостите за победа и фер и коректната игра. Ние дури имавме сила им париравме и се држевме. Кога тие уфрлија брзина погоре, немавме одговор и дојдоа двоцифрена предност. Продолжува понатаму да се бориме и да го обелиме образот.

Ивица Скелин (Сплит) – Патот до победата ни го трасираше вториот период во кој одигравме како што знаеме и умееме. Задоволен сум од играчите и нивниот учинок и желбата за игра. Шанса добија сите играчи и максимално ја искористија.

Петар Чочороски (АВ Охрид) – Повторно ни се случува истиот пех во мечевите од АБА лигата. Мало невнимание и мала деконцетрација не чинеше голема разлика и пораз подоцна. Во таа кобна втора четвртина ни се повреди и Стеван Глигоријевиќ кој добро го отвори мечот. Но, како и претходно нема да бараме изговори и ќе го прифатиме поразот.

АБА: Сплит подобар од АВ Охрид

OhridNews