Кошаркарскиот клуб АВ Охрид останува на една победа во јадранската Втора АБА лига, откако на гостувањето кај Босна Ројал претрпе тесен пораз 84-82 (12-18, 23-13, 25-23, 24-28).

„Галебите“ го одиграа најдобриот меч сезонава во второлигашкото АБА друштво и вистинска штета што не беше валоризирано со победа која многу ќе значеше за престојните натпревари во Првата лига.

Охридските кошаркари при негатива 82-80 имаа напад кој не го реализираа. Домашните кошаркари ги погодија двете слободни фрлања за 84-80, а со два поени во последните мигови охриѓани го ублажија поразот.

Избраниците на Петар Чочороски одлично го започнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 18-12. Домашните кошаркари ја „стопија“ предноста на „галебите“ во вториот квартал кој им припадна со 23-13.

Во третиот период составот на Босна Ројал за два поени ја зголеми предност, додека последниот квартал им припадна на охриѓани 28-24, но бодовите ги освоија домаќините.

Најпрецизен во составот на АВ Охрид беше Рос Кенет со 25 поени, 21 релизираше Емир Зимиќ, а 17 постигна Бранко Јанески. Кај домаќините најефикасен беше Кори Брадфорд со 24 кошеви.

Охридските кошаркари немаат премногу време за одмор, бидејќи во четврток го играат одложениот меч со Теодо во Тиват, a потоа ги очекува мечот со Гостивар во Првата лига.

OhridNews