Роман Абрамович подготвен е да го продаде своето милениче, фудбалскиот клуб Челси. Рускиот тајкун има проблеми со британските власти, кои не му издаваат виза, поради што решил да го продаде клубот.

Абрамович го искористил своето еврејско потекло, откако Британците не му дале виза, извадил израелски пасош, за да може да престојува во Лондон, но поради лошиот третман што го имал планирал да го сели бизнисот надвор од Велика Британија. „Тајмс“ пишува дека Абрамович започнал сериозни преговори со бизнисменот Џејми Ретклиф околу продажбата на клубот. Рускиот тајкун ја одредил цената по која би го продал клубот, а таа изнесува 2,5 милиони фунти (нешто повеќе од 3 милијарди евра).

Ретклиф, официјално е најбогатиот Британец, роден е во Манчестер и бил навивач на Јунајтед. Оваа сезона, за да ја покаже својата наклоност кон Челси, купил сезонски билет за натпреварите на „сините“.

Британскиот бизнисмен има намера сериозно да вложува во спортот, тој денес официјално ќе стане сопственик на најпознатиот велосипедски клуб во светот „Скај“.

OhridNews