Сопственикот на клубот од Стемфорд Бриџ, Роман Абрамович најави нова ера после отпуштањето на Жозе Мурињо од позицијата менаџер на екипата.
Рускиот тајкун на новиот менаџер ќе му обезбеди финансиски средства за доведување на нови фудбалери, а бордот на директори составил трансфер листа за јануарскиот или пак летниот преоден рок.
На врвот се наоѓа хитот на сезоната во Премиер лигата, Џејмс Варди кој со 15 голови е водечки стрелец во Англија.
На списокот се наоѓаат уште Џон Стоунс од Евертон, Алекс Тешеира од Шахјтор и фудбалерот на ПСЖ, Маркињос.
Сепак, „сините“ најпрво треба да го решат менаџерското прашање кое остана празно по разделбата со „специјалниот“.
Ohridnews











