Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез лично договараат трампа на двајца фудбалери.
Рускиот тајкун, Абрамовиќ фасциниран бил од игрите на Алваро Мората и подготвен е да го жртвува чуварот на мрежата, Тибо Куртоа само да го доведе Шпанецот на Стемфорд Бриџ.
Неодамна, белгискиот голман изјави дека посакува трансфер на Сантијаго Бернабеу, а сега многу е блиску до тоа остварување.
Во јавноста се уште никој нема ништо изјавено за последните вести кои ги пренесоа англиските и шпанските медиуми.
OhridNews