Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ јасно ставил до знаење дека во своите редови го посакува португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.
Рускиот тајкун подготвен е да ги продаде Еден Хазард, Немања Матиќ и Бразилецот, Оскар за да направи простор за доведување на Роналдо.
Клучна улога во трансферот на Роналдо на Стемфорд Бриџ би требало да одигра менаџерот Жорхе Мендеш кој е близок пријател со Абрамовиќ и тренерот на „сините“, Жозе Мурињо.
Сепак, за овој трансфер ќе одлучува и самиот Кристијано кој неодамна во интервју за „BBC“ изјави дека во Англија би играл само за Манчестер Јунајтед.
Тој во шестгодишниот престој на Олд Трафорд созреа во голем фудбалер освојувајќи 15 титули под палката на Сер Алекс Фергусон.
Мх.П.











